HerbELICO® и научните истражувања

HerbELICO® Препаратот е резултат на седумгодишно истражување од тим на научници, лекари и универзитетски професори од Србија, Унгарија и Австралија на тема етерските масла на ароматичните билки можат да ја победат Хелико бактеријата (Helicobacter pylori)

На самиот почеток од истражувањето, одбрани се 14 ароматични билки (изоп, жалфија, рузмарин, ајдучка трева, естрагон, босилок, смрека, мајчина душица, матичњак, лаванда, нане, оригано и чубрица) кои растат во нашите области и од нив е изолирано етерското масло.

Испитано е влијанието на добиените етерски масла врз растот на Хелико бактеријата одгледувана во лабораторија.

Се покажало дека етерските масла на чубрица и оригано се значително поактивни од останатите испитани масла, и дека нивната смеса е 4 пати поактивна од поединечните масла.

Со оглед на тоа дека смесата од етерските масла чубрицаа и оригано имала многу поголема активност во елиминацијата на Хелико бактеријата, таа е испитувана во продолжение на истражувањата.

Следуваат истражувања на експериментални животни.

Лабараториски глувци се заразуваат со Хелико бактерија.

Откако инфекцијата се развила, третирани се со смесата од етерските масла од чубрица и оригано во тек на 14 дена.

Третманот бил успешен во 70% од случаевите кај кои е докажано дека дошло до потполна елиминација на Хелико бактеријата.

Во истото истражување е докажано дека испитаната смеса од масла нема никакви штетни ефекти: не е цитоксична, нема имуномодулаторно ниту алергено делување, не ги пореметува ензимите ALT и AST во црниот дроб и не влијае на експресијата на Citohrom Р450 и хем-оксигеназа. (3)

Добиените резултати не охрабрија да продолжиме со истражувањата.

Со цел зголемување на ефикасноста, на смесата од оригано и чубрица додадено е етерско масло од тимијан, за кое е докажана силна анти-Хелико бактер активност.

На овој начин, смесата е збогатена со дополнителни соединенија со антимикробно делување и со тоа е намалена можноста бактеријата да развие резистентност.

Вака добиената смеса од точно дефиниран хемиски состав го доби името HerbELICO® и се користеше во понатамошните истражувања.

Испитано е делувањето на HerbELICO® смесата на различни соеви Хелико бактерија кои беа изолирани од луѓе од различни краеви на светот и континенти (Кина, Индија, Европа, Блискиот исток, Африка)

Испитаните соеви Хелико бактерија беа различни во поглед на нивната резистентност на антибиотиците кои стандардно се применуваат во терапијата за инфекција од Хелико бактерија, а некои не беа резистентни.

HerbELICO® со иста јачина ги елиминираше и антибиотик-резистентните и антибиотик-нерезистентните соеви на Хелико бактеријата.

Исто така, HerbELICO® со подеднаква сила ги елиминираше сите соеви на Хелико бактерија кои потекнуваат од различни континенти! (5)

Овие резултати покажаа дека за препаратот HerbELICO® не постојат граници!

 

Во следниот експеримент беше мерено времето за кое HerbELICO® доведе до потполна елиминација на Хелико бактеријата одгледувана во лабораторија.

Докажано е дека HerbELICO® ја убива Хелико бактеријата речиси во истиот момент кога доаѓа во контакт со неа, така што после 10 минути инкубација не е детектирана ниту една жива бактерија.

Еден од дополнителните проблеми поради кои Хелико бактеријата тешко се лекува е тоа што внатрешниот ѕид на желудникот обложен со муцин – слој од густа слуз во кој се вовлекува Хелико бактеријата и успешно се крие од потенцијалните напаѓачи.

Лековите кои не можат да продрат низ муцинот се неуспешни во лекувањето на инфекции од Хелико бактерија.

Поради тоа, неопходно беше да се испита дали HerbELICO® може да помине низ муцинот.

Докажано е дека HerbELICO® успешно поминува низ муцинската бариера и после само 30 минути ги убива скоро сите бактерии од другата страна на бариерата. (5)

а на сите добиени разултати, заклучивме дека HerbELICO® ефикасно ја убива Хелико бактеријата и успешно минува низ муцин, при што не манифестира никакви штетни ефекти, што беше доволно во наредната фаза да се посветиме во развој на фармацевтскиот облик на производот.

Во соработка со фармацевтската компанија Phytonet doo од Белград испитавме неколку фармацевтски облици, се одлучивме за најпогодниот и го регистриравме HerbELICO® како диететски суплемент во Србија.

HerbELICO.)® диететскиот суплемент сега беше подготвен да ја испита својата ефикасност во рамките на Анкетата за задоволство на корисниците со потврдена инфекција со Хелико бактерија.

Во Анкетата беа вклучени 50 корисници. Сите корисници имаа потврдена акутна или средно тешка инфекција со Хелико бактерија.

Десет дена од почетокот на терапијата, 80% од корисниците изјавија дека повеќе не чуствуваат симптоми од инфекција со Хелико бактерија, додека останатите корисници симптомите ги изгубија до крајот на терпаијата.

Никој од корисниците не забележа ниту еден несакан ефект во текот на терапијата.

Од 40 корисници кои ја завршија комплетната терапија и се тестираа по 60 дена од завршувањето на терапијата, од нив 32 имаа негативен резултат на тестот за присуство на Хелико бактерија.

Врз основа на овие резултати, заклучено е дека HerbELICO® препаратот исклучително ефикасно ја елиминира Хелико бактеријата во желудникот кога се користи самостојно во препишаниот дозажен режим.

Успешноста на HerbELICO® се проценува на 80%.

На останатите корисници, кои и после терапијата имале резултати од анализите дека се позитивни на Хелико бактерија, иако субјективно се чуствуваа многу подобро, им се препорача продолжување на лекувањето со помош на комбинирана терапија HerbELICO + антибиотици.

Анкетата ја спроведе Компанијата HerbElixa DOO во соработка со Медицинската лабораторија Polarislab од Нови Сад.

Reference

  1. Lesjak et al. (2016): Binary and tertiary mixtures of Satureja hortensis and Origanum vulgare essential oils as potent antimicrobial agents against Helicobacter pylori. Phytother Res 30:476-484.
  2. Knezevic et al. (2018): A colorimetric broth microdilution method for assessment of Helicobacter pylori sensitivity to antimicrobial agents. J Pharma Biomed Analysis, 152: 271-278.
  3. Harmati et al. (2017): Binary mixture of Satureja hortensis and Origanum vulgare subsp. hirtum essential oils: in vivo therapeutic efficiency against Helicobacter pylori infection. Helicobacter e12350.
  4. Dandlen et al. (2011): Antimicrobial activity, cytotoxicity and intracellular growth inhibition of Portuguese Thymus essential oils. Rev Bras Farmacogn, 21: 1012–1024.
  5. Rezulati istraživanja sa Marshall Centre for Infectious Diseases Research and Training, University of Western Australia.