ЗА НАС

Природата има решение

Компанијата HerbElixa DOO е основана 2018 година и нејзина примарна цел е развој и производство на производи на база на лековити билки. Нашиот главен фокус е развој на производи на база на етерични масла кои можат да помогнат во лекувањето на различни здравствени нарушувања и болести. Особено ни е важен развојот на суплементи кои можат да се користат за третман на инфекција со микроорганизми кои честопати се отпорни на постоечките терапии, како што е Helicobacter pylori (Хелико бактерија).

Етерските масла се главните активни принципи на нашите производи. Тие се комплексни смеси на бројни испарливи соединенија, добиени со хидродестилација од ароматичните лековити билки. Структурната разноврсност на овие соединенија овозможува да функционираат синергистички и преку различни механизми, па така, практично е невозможно микроорганизмите да развијат резистентност спрема сите овие соединенија истовремено. Тоа е главната предност на етерските масла во споредба со другите соединенија, покрај нивното природно потекло и ниска токсичност. И покрај својот голем потенцијал, етарските масла се многу слабо искористени во фармацевтската индустрија. Од овие причини, компанијата HerbElixa ги одбра етарските масла како основа за своите производи.

Нашите производи се засноваат исклучиво на научни резултати, првенствено произлезени од 10 и повеќе години истражувања кои ги спроведоа основачите на компанијата HerbElixa : три универзитетски професори кои изградиле успешни научни кариери во областа на проучување на лековитите билки. Сите производи на компанијата HerbElixa претставуваат иновација и се единствени бидејќи се произведуваат по рецептури и технологии кои самите ги имаат развиено.

За да постигнеме висок квалитет на нашите производи, го контролираме целиот процес на производство, од одгледување на самиот материјал (билки) до пакување и дистрибуција на финалниот производ. Како суровина користиме билки од локални производители, со што го поддржуваме процесот на рурална трансформација.

ДОЗВОЛЕТЕ ПРИРОДАТА ЗА РАБОТИ ЗА ВАС СО ПОМОШ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ!

HERBELIXA TIM

Др Наташа Симин

Доктор по биохемиски науки

Коосновач

Др Наташа Симин докторирала биохемија, вработена на Приородно-математичкиот факултет при Универзитетот во Нови Сад, како вонреден професор. Др Симин има повеќе од 15 години искуство во научни истражувања од областа биохемија на лековитите билки. Учествувала на многубројни домашни и меѓународни научни проекти од оваа област. Има објавено 25 научни трудови во признати интернационални научни списанија. Нејзините истражувачки интереси се изолација и хемиска карактеризација на биолошки активните супстанци од билките и испитување на нивните биолошки активности. Водена од желбата некои од добиените научни резултати да ги примени во пракса, пред 3 години одлучила да започне со развој и производство на нови билни препарати за домашниот и за странскиот пазар кои ќе помогнат во решавање на глобалните здравствени проблеми на денешницата. Заедно со своите колеги, основала два старт-апи, HerbElixa и FeJuice, со кои досега освоила значајни награди на меѓународни и домашни натпревари за поддршка на предприемништвото.

Др Марија Лесјак

Доктор по биохемиски науки

Коосновач

Др Марија Лесјак е вонреден професор на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Нови Сад. Докторирала два пати. Првиот пат на Приордно-математичкиот факултет при Универзитетот во Нови Сад од областа биохемија (2011), и вториот пат на University College London, Велика Британија, од областа молекуларна биологија (2015). Научната работа на др Лесјак е насочена кон проценката на биолошкиот потенцијал и билните соединенија во in vivo и in vitro системите со цел нивна примена во фармацевстката, козметичката и прехрамбрената индустрија. Таа е добитничка на повеќе престижни награди за својата научна работа во Србија и странство: UCL Overseas Research Scholarship за докторските студии во Велика Британија (2011-2014) Dr.Willimar Schwabe награда за млади истражувачи од областа истражување на лековити билки (2011) Награда за најдобар млад истражувач на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот во Нови Сад (2015) Стипендија ‘‘Покрени се за науку‘‘ која ја доделува Philip Morris во соработка со Центарот за развојно лидерство во Србија (2016) Национална стипендија L‘Oreal-UNESCO за жени во науката (2016) Специјална награда ‘‘Др Зоран Ѓинѓиќ‘‘ за млад научник и истражувач за севкупниот придонес кон науката која ја доделува Универзитето во Нови Сад (2018). Автор е на бројни научни публикации во реномирани меѓународни списанија. Во желбата на своите научни резултати да им даде поголема смисла, во 2018 почнала да се занимава со иновативно предприемништво и се посветила на развој на комерцијални производи кои се засновани на научни факти. Овие производи имаат за цел да им помогнат на луѓето во различни состојби и болести користејќи ја силата на науката и природата. Досега основала два старт-апи, HerbElixa и FeJuice, со кои досега освоила значајни награди на меѓународни и домашни натпревари за поддршка на предприемништвото.

Др Ивана Беара

Живко Симин

Дипломиран земјоделски инженер

Директор

Живко Симин е инженер по земјоделие, дипломирал мелиорации на Земјоделскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад. Тој е извршен директор на компанијата HerbELIXA DOO од нејзиното основање. Предходно работел како менаџер за квалитет во меѓународна, водечка светска компанија ‘‘Viscofan‘‘ со 15-годично искуство во различни прехрамбени индустрии. Во компанијата Viscofan во Нови Сад бил одговорен за одржување и развој на шест различни стандарди (ISO 9001, 14001, OHASS, HACCP, BRC и HALAL) имплементирани во компанијата. Бил претставник на менаџментот пред сертификационите тела, купците и инспекциите. Бил дел од тимот за корпоративна ревизија за безбедноста на храна, извршувајќи ревизии во сестрински компании ширум светот. Исто така бил водач на HACCP тимот и бил одговорен за одржување и развој на програмата за безбедност на храна во фабриката и за организирање на обуки за вработените во областа на безбедност и хигиена на производите. Во месната индустрија ‘‘Carnex‘‘ Врбас поминува седум години работејќи на позицијата координатор за заштита на животната средина и управување со отпад, како и член на тимот за изградба на постројки за отпадни води. Има бројни сертификати издадени од Европски организации за квалитет и Nigel Bauer & Saradnici.

Др Славица Лесјак

Специјалист по интерна медицина

Советник за медицински прашања

Др Славица Лесјак е доктор и специјалист по интерна медицина со 40-годишно работно искуство во медицината. Др Славица Лесјак дипломирала медицина на Медицинскиот факултетпри Универзитетот во Нови Сад (1979). Дипломата за специјалист по интерна медицина ја стекнала на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Нови Сад (1990). Како лекар по општа пракса работела во Домот за здравје во Србобран (1979-2004), а потоа во Институтот за белодробни заболувања на Војводина, Сремска Каменица (2004-2017). Во периодот 2014-2017 била началник на Приемната амбуланта на Институтот за белодробни заболувања на Војводина, Сремска Каменица. Др Славица Лесјак е во пензија од 2017 година. Во 2018 година почнува да работи во компанијата HerbElixa како советник за медицински прашања.